Background

Нападите кон Сојузот на синдикатите на Македонија нема да го запрат синдикатот во барањата за повисоки плати и подобрување на животниот стандард на работниците

Нападите кон Сојузот на синдикатите на Македонија нема да го запрат синдикатот во барањата за повисоки плати и подобрување на животниот стандард на работниците, порача денеска претседателот на ССМ Слободан Трендафилов потсетувајќи за утрешната јавна седница на Советот, претседателството и надзорниот одбор на ССМ која ќе се одржи во 12.05 пред Собранието, Стопанската Комора и Владата.

Тој појасни дека јавната седница е против одлуката на Владата да ја зголеми минималната плата за само 1.800 денари, што синдикатот го смета за незаконско и недоволно. ССМ бара минималната плата да изнесува 30.000 денари, наместо предложените 24.300.

Трендафилов рече дека ССМ се загрижени за состојбата во која 250.000 работници примаат плата до 32.000 денари, а 380.000 работници примаат плата под просечната плата во земјата.

- Advertisement -
Ad image

Според најавите, Јавната седница од пред ССМ ќе продолжи пред Парламентот, каде што синдикатот ќе порача дека не може да има подобрување на платите за пратениците без подобрување на платите за работниците. Пред Стопанската комора, ССМ ќе истакне дека поддршката на работниците е од суштинско значење за стабилноста на економијата. Завршниот дел од протестот ќе биде пред Владата, каде што синдикатот ќе побара да се вклучат работниците во одлуките за нивните плати.Трендафилот реагираше и на обвинувањата дека зема висока плата.

-Еве, подавам рака и давам предлог уште утре да се предложи закон со кој една година сите избрани и именувани функционери, вклучително и јас, ќе земаат минимална плата од 500 евра. Исотовремено да се изгласа закон со кој минималната  плата за работниците ќе биде 500 евра – рече Трендафилов.

Тој рече и дека нападите со нечовечкиот однос кон синдикалните претставници не само што е повреден Уставот и законите во Македонија, туку има повреда и на меѓународните конвенции на трудот и за тоа веќе се известени Меѓународната организација на трудот, Европската и Меѓународната конфедерација на синдикати кои даваат целосна поддршка на ССМ.

Праша дали ако го нема него или ССМ ќе се живее среќно и весело.

– Не – рече, тој и повика функционерите да ги симнат розовите наочари со кои гледаат во нивните скапи и луксузни кабинети.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation