Background

Втора регионална конференција на професионални сметководители во организација на ИСОС

Во организација на Институтот за сметководители и овластени сметководители (ИСОС), на 3 април 2025 година во Скопје, ќе се одржи втората регионална конференција на сметководители и овластени сметководители, под мотото: „Нова ера во сметководството – Стандардите како предизвик, технологијата како сојузник“.

На конференцијата се очекува да земат учество околу 500 сметководители и овластени сметководители од земјава и од регионот, како и претставници од релевантни домашни и меѓународни институции, организации, од академската заедница и од деловниот сектор.

Главната цел на конференцијата е отворање дијалог за иднината на сметководствената професија, преку адресирање на предизвиците поврзани со усогласување со Меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ), воведувањето на ЕSG принципите во финансиското известување, како и интеграцијата на новите технологии – особено вештачката интелигенција и анализата на големи податоци – во секојдневната работа на сметководителите.

- Advertisement -
Ad image

Во рамки на конференцијата ќе се одржат панел-дискусии и презентации на добри практики, на кои учество ќе земат претставници од Светска банка, Европската банка за обнова и развој, Организацијата на даночни советници на Европа, Македонската банкарска асоцијација, Македонската берза, како и домашни практичари и млади професионалци. Програмата на конференцијата вклучува и дискусија со новата генерација сметководители – идни лидери во професијата, на која ќе учествуваат студенти од катедрата за сметководство и ревизија на Економскиот факултет при УКИМ.

Конференцијата ќе ја отвори претседателката на ИСОС, Весна Прентоска.

Со оваа конференција ИСОС продолжува да ја зацврстува својата улога како клучен фактор во професионалниот развој на сметководителите и унапредувањето на стандардите и квалитетот на сметководствените услуги во нашата земја.

Агендата на конференцијата е достапна на веб-страницата на ИСОС – www.isos.mk

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation