Background

Македонската фудбалска јавност е згрозена од непочитувањето на едноминутното молчење како спомен за жртвите во трагедијата во Кочани, на натпреварот Шкендија – Брера во Тетово

Македонската фудбалска јавност е згрозена од непочитувањето на едноминутното молчење како спомен за жртвите во трагедијата во Кочани, на натпреварот Шкендија – Брера во Тетово. И додека фудбалерите, стручните штабови и судиите го испочитуваа молкот за жртвите, тоа не беше случај со „Балистите“, кои навиваа и свиреа за време на молкот, објави Гол.

Оваа постапка делегатот Гоце Шопоски од Струга ја внесе во записникот, а по прегледување на ТВ-снимката организаторот ризикува жестока казна.

Според дисциплински правилник, Шкендија може да буде казнета од 4 до 12 натпревари без присуство на гледачи или со суспензија на теренот и со играње надвор од Тетово и парична казна од 5.000 евра. Се очекува реакција од Шкендија, во која клубот ќе се огради од навивачите и од нивното однесување, а веројатно дисциплинската комисија ќе реагира до крајот на неделата.

- Advertisement -
Ad image

До крајот на сезоната остануваат уште осум кола, а Шкендија има уште четири домашни натпревари во ПМФЛ и еден натпревар во Купот.

Видеото на кое се гледа како „Балистите“ викаат додека останатите молчат во чест на жртвите, можете да го погледнете тука.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖