Background

Компанијата Кожувчанка ја лансира својата прва апликација којашто е потсетник да се остане хидриран во текот на целиот ден

Компанијата Кожувчанка ја лансира својата прва апликација којашто, како што велат од компанијата, е потсетник да се остане хидриран во текот на целиот ден.

Кожувчанка вели дека „повторно ја изненадува јавноста со иновација и новитет создавајќи ја првата апликација во Македонија која ве потсетува да се напиете вода и да останете хидрирани во текот на целиот ден!“.

Од Маркетинг секторот на Кожувчанка порачуваат дека апликацијата треба да го подобри квалитетот на животот на корисниците.

- Advertisement -
Ad image

„Ние како Компанија секогаш ги слушаме потребите на нашите потрошувачи и дејствуваме за подобрување на квалитетот на нивниот живот. Живееме во ова брзо време што ни носи многу грижи, настани и предизвици со кои сите ние се справуваме, па често ни се случува да заборавиме на себе и своите потреби. Затоа ја создадовме Изворска Апликацијата која ќе ве потсетува во текот на денот дека треба да бидете хидрирани! Таа е бесплатна за преземање, па ви посакуваме на сите – Со здравје користење”, изјавија од Маркетинг секторот на Компанијата.

Како работи апликацијата?  Во соопштението е наведено следното:

„Со користење на функцијата за скенирање на баркодот од Изворска етикетата, апликацијата точно ќе го препознае количеството вода што ја пиете, и ќе ви покаже колку литри уште треба да испиете за да ја достигнете дневната цел за хидратација.

А, ова се нејзините основни карактеристики:
• Бесплатна и лесна за користење: Преземете ја апликацијата и започнете веднаш!
• Персонализирана: Точно пресметува колку вода треба да пиете врз основа на вашите лични потреби.
• Потсетник: Заборавивте да се напиете вода? Нема проблем – апликацијата ќе ви испрати потсетување.
• Статистика: Следете го напредокот на вашата хидратација на дневно и месечно ниво.

Изворска Апликацијата е достапна за преземање бесплатно на платформите Google Play и App Store: app.izvorska.mk“

Компанијата Кожувчанка и брендот Изворска велат дека продолжуваат да инвестираат во иновации „кои го подобруваат здравјето и квалитетот на животот на своите потрошувачи, а оваа апликација е само еден пример за нивната посветеност“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖