Background

Обилни дождови го зафатија регионот, поплавени подрачја има во Хрватска, Босна и Херцеговина и во Србија

Обилни дождови го зафатија регионот, поплавени подрачја има во Хрватска, Босна и Херцеговина и во Србија. Нивото на реките се зголемува од час во час.

Во Босна најкритична е состојбата во сливот на реката Босна и поширокото подрачје на Сараево, чии делови се целосно под вода. Надојдена е и реката Миљачка, додека на падините на Требевиќ има порои и одрони.
Поплавите сега ја зафатија и Хрватска. Најкритична е состојбата во областа Вировитица.

Во последните денови во Босна падна повеќе дожд отколку во просек за еден месец или повеќе.

- Advertisement -
Ad image

Додека во низините во Босна се справуваат со поплави и порои, снег паѓа на планините на надморска висина од  2.000 метри. Повеќе од половина метар снег падна за 24 часа, а висината на снежната покривка достигнува еден и пол метар.

Во текот на денешниот ден најобилни врнежи се очекуваат на север и северозапад од Хрватска и на северозапад од Босна. Се очекуваат до 100 литри дожд со опасност од поплави и пороен дожд.
Се очекува и реката Сава да се издигне за неколку метри, додека првично најголем проблем би биле помалите поројни текови.

Во Србија се излеа реката Јадро, а воведена е вонредна заштита од поплави во Лозница и Шабац.

Според метеоролозите, во Србија во сливовите на дури 12 реки, нивото на водата значително ќе се зголеми во следните 48 часа, со можност да достигне предупредувачки нивоа. Водостојот на реката Сава се очекува значително да порасне во наредните денови, надминувајќи ја границата на редовна заштита од поплави во околината на Шабац.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation