Судот на Босна и Херцеговина распиша меѓународна потерница за претседателот на Република Српска, Милорад Додик, и за претседателот на Народното собрание на Република Српска, Ненад Стевандиќ, јавија утрово сараевските медиуми.
Налогот за апсење е внесен во системот на Интерпол, а моментално се чека потврда од Генералниот секретаријат на Европол во Лион.
Канцеларијата на Интерпол во Сараево ја внесе меѓународна потерница во системот откако Судот на БиХ ја издаде.
Тој налог, всушност, не е активен. Тоа може да го видат само луѓето кои работат во контакт со точките на Интерпол. Државите не смеат да постапуваат по овој налог додека од Лион официјално не се одобри распишување потерница, нагласуваат медиумите во Сараево.
Во потерницата се наведува дека именуваните лица се државјани на Босна и Херцеговина и на Република Србија. Додик и Стевандиќ се бараат за кривично гонење за сторено кривично дело Напад врз уставниот поредок од чл. 156 од Кривичниот законик на Босна и Херцеговина.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
