Во процесно барање до Кривичниот суд адвокатот Јовица Страшевски денеска побара на неговиот клиент Љупчо Палевски Палчо да му бидат доставени на хартија записниците од сите досегашни рочишта

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во процесно барање до Кривичниот суд адвокатот Јовица Страшевски денеска побара на неговиот клиент Љупчо Палевски Палчо да му бидат доставени на хартија записниците од сите досегашни рочишта. Судијата Ивица Стефановски му рече дека сите записници сè уште не се изработени во хартиена форма и дека ќе им ги достави штом ќе бидат готови.

Страшевски побара и да изврши увид во сите списи затоа што бараат едно цеде со видеоснимки од Сејф сити кои се од битно значење за одбраната на Палевски.

– Судот донесе решение тие цедеа да бидат обезбедни од Јавното обвинителство и да ни бидат дадени. До денес тоа не е сторено од ЈО. Во цедињата што ни ги достави судот, тоа цеде го немаше. Затоа побарав да извршам дополнителен увид во списите на предметот – рече Страшевски.

Обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска рече дека не постојат други видеозаписи што се битни за постапката. Според неа, сите цедеа кои полицијата ги доставила до Јавното обвинителство, Обвинителството истите го доставило до Судот и нема други.

На ова реагираше Палевски и тврди дека има видео на кое се гледа „рено кангу“ во Скопје. Тоа го знае затоа што тој податок го има во табелата за движењето на „реното“.

– Од цедето што е доставено во ЈО на 2 декември, датум кој обвинителките одбегнуваат да го кажат, гледавме 3 видеа за „цитроенот“ и едно од „рено кангу“. Обвинителката дрско кажа дека нема такво видео од камерата број 67. Но, во табелата број 2 од ЛПР стои и камерата и видеото и времето. Барам од она што веќе постои како доказ, од цедето од кое веќе видовме 3 видеа, да го гледаме и видеото од камерата број 67. Системот ја има евидентирано таблицата на „рено кангу“ на железничката станица на 22.11.2023 во 00.15 часот. Бараме да го донесат видеото – рече Палевски.

Според ЈО, „рено кангу“ во тоа време, вечерта пред убиството на Жежовски, е паркирано ред куќата на второобвинетиот Велибор Манев во Велес.

Палевски е првообвинет за убиствата на 74-годишниот Панче Жежовски и на 14 годишната Вања Ѓорчевска извршени на 22 и на 27 ноември 2023 година. За злосторствата им се суди и на Велибор Манев, Боре Видевски и на Влатко Кешишев, а на Александар Ѓорчевски му се суди за помагање во грабнувањето на неговата ќерка Вања.

Досега, второобвинетиот Манев во исказ пред судот ги призна злосторствата, а Видевски целосно ги негираше. Двајцата рекоа дека таткото Александар го посочиле од присила со ќотек во полиција.

- Advertisement -
Ad image

Следен ќе сведочи Влатко Кешишев, на рочиштето на 2 април. Потоа рочиштата ќе се одржат на 4, 7, 11, 14 и на 16 април.

Share This Article