Најмалку 24 лица загинаа во шумски пожари во Јужна Кореја, соопштија денеска официјални лица. Меѓу жртвите е и пилотот на хеликоптерот, кој се урнал за време на спасувачка операција.
Дванаесет лица се тешко повредени, изјави претставник на Министерството за внатрешни работи, додавајќи дека станува збор за „привремени бројки“.
Илјадници пожарникари од викендот работат на гаснење на пожарите во југоисточниот дел на земјата. Нивната работа ја отежнува сувото време и силните ветрови.
Илјадници хектари беа опустошени, а древен будистички храм беше претворен во пепел.
Официјални лица изјавија дека пожарите „предизвикале невидена штета“.