Background

ГРАЃАНИТЕ И БИЗНИСИТЕ ДОЛЖАТ 8,12 МИЛИЈАРДИ ЕВРА КАЈ БАНКИТЕ

Граѓаните и компаниите во февруари дополнително се задолжиле кај банките за повеќе од 87,7 милиони евра во однос на претходниот месец. Тие заедно им должат на банките 8,121 милијарда евра. Долгот на граѓаните порасна на 4,09 милијарди евра, додека корпоративниот сектор должи 3,98 милијарди евра. Ова го покажуваат податоците  од последниот извештај на Народната банка.

Во однос на претходниот месец, податоците покажуваат дека поголем придонес за  вкупниот растот на кредитите има корпоративниот сектор. Кредитите на корпоративниот сектор бележат месечен и годишен раст од 1,5% односно 14,3%. Притоа, месечната и годишната промена во целост се должат на зголеменото кредитирање во денари, при остварен пад на кредитите во странска валута.

- Advertisement -
Ad image

Кредитите на домаќинствата бележат месечно и годишно зголемување од 0,7% односно 8,9%. Промената кај двете основи се должи на растот на кредитите во денари и во странска валута, со поголем придонес на кредитите во денари.

Според податоците, граѓаните најмногу се задолжуваат за купување станови. Во февруари овие кредити имаа раст од  1,2% во однос на јануари, но дури 13,3% во однос на февруари лани.

Втори на листата се потрошувачките кредити кои пораснале за 0,9%  во однос на јануари и од  8,5%  во однос на ланскиот февруари.

Во февруари граѓаните помалку се задолжиле со кредити за купување автомобили, но сметано на годишно ниво забележан е раст од 6,5% на овие кредити.

Карактеристично во однос на долгот на граѓаните е тоа што за прв пат во февруари се забележува пад на негативните салда на тековните сметки и кредитите одобрени врз други основи од 0,9% и 1,5%,  како и годишно намалување од 5,0% и 9,5%. Овој месец, кредитите одобрени на кредитните картички остварија месечно и годишно намалување од 1,8% и 9,0%.

Граѓаните, меѓутоа чуваат многу повеќе пари во банките од нивниот долг. Податоците на Народна банка покажуваат дека депозитите на граѓаните во банките изнесуваат повеќе од 6,5 милијарди евра и бележат раст од 0,8% во однос на јануари и 13,1% во однос на февруари минатата година.

Растот на депозитите на домаќинствата во февруари, според Народна банка, во поголем дел под влијание на зголемените депозитни пари и долгорочни депозити во денари и во странска валута, а во помала мера и на краткорочните депозити во денари и во странска валута.

Вкупните депозити, во февруари, се зголемени за 0,4% на месечна основа и изнесуваат 9,68 милијарди евра, во целост како резултат на растот на депозитите на секторот „домаќинства“, во услови на пад на депозитите на корпоративниот сектор. Споредено на годишна основа, забележан е раст од 11,1%, поради зголемените депозити на двата сектора, со поизразен придонес кон растот на депозитите на секторот „домаќинства“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation