Background

Информација за изведбата на балетската претстава за деца „Петар Пан“ во продукција на Националната опера и балет, вечерва (24 март) со почеток во 19.00 часот, претставата е од хуманитарен карактер

Вечерва, 24 март со почеток во 19.00 часот ќе се изведе една од најпопуларните и најгледани  балетски претстави за деца, „Петар Пан“ во продукција на Националната опера и балет. Претставата е од хуманитарен карактер, a собранитe средства од претставата ќе бидат донирани во фондот за настраданите и повредените во трагичниот настан во Кочани.

Кореографијата е на Џејмс Амар од Франција, а сценографијата и костимите  се на Зоран Костовски и Марија Пупучевска. Во претставата настапуваат солистите и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет, кои ќе ја пренесат оваа  возбудлива приказна на сцената.

Приказната за ‘момчето што не сака да порасне’ е една од најуспешните и најпопуларните детски приказни на сите времиња, раскажана на генерации деца. „Петар Пан“,  лик кој го создаде шкотскиот писател и драматург Џ. М. Бери, ќе ги воодушеви малите и големите со својата авантуристичка приказна, во која главниот херој живее на магичниот остров Недојдија како лидер на неговата банда „Изгубени момчиња“ заедно со сирени, самовили и пирати. Претставата ја плени најмладата публиката со прекрасната музика, костимите и сценографијата и децата ја следат со големо воодушевување. Безгрижното детство на Петар Пан, кој никогаш не сака да порасне, ќе ги потсети најмладите гледачите на важноста на фантазијата и слободата.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation