Најмалку 12 лица загинаа а четворица се повредени кога минибус падна во провалија во северно Мексико, соопштија локалните власти.
Возилото, во кое имало 16 лица, паднало на повеќе од 120 метри во планинска област во државата Нуево Леон, во близина на регионот Сантијаго, изјави локалниот претставник Ерик Кавазо. Некои од патниците починале на лице место, други, пак, стигнале во болница, но лекарите не успеале да им го спасат животот.
Градоначалникот на областа Сантијаго, Давид де ла Пења, изјави дека несреќата најверојатно се должи на технички дефект бидејќи на патот немало траги од сопирачки.
Несреќата предизвика и шумски пожар, кој во меѓувреме е изгаснат, соопштија локалните власти.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
