Владата има намера целосно да забрани употреба на пиротехнички средства во затворен простор. Службите во рамки на МВР се задолжени да изготват документација со која би се направиле измени на легислативата што го уредува тоа прашање. Тоа денеска пред медиумите го посочи министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
Одговарајќи на прашања на новинарите, Тошковски истакна дека веднаш со почетокот на истрагата во врска со несреќата во дискотеката во Кочани службите во рамки на Министерството биле задолжени да изнајдат начин за забрана за употреба на такви пиротехнички средства во затворен простор.
Според она што го рече тој, посточеката легислатива што го уредува тоа прашање датира некаде од 78 година од минатиот век така што, како што посочи, ќе се оди на донесување целосно нов закон.
Поради потребата од итност во уредувањето на тоа прашање, тој рече дека до донесувањето нов закон решение ќе се бара со измени на членови од постоечката легислатива.
– Во иднина ќе следи обновување со нов закон. Целокупниот законски текст поврзан со предметниот закон е при крај, но сега поради потребата од итност ќе се оди на директни измени на одредени членови на постоечкиот закон, дали ќе оди тоа праку Влада или преку некој пратеник во Собранието. Службите работат на предлог-законските измени и истите најбрзо што е можно ќе бидат ставени во процедсра. Интенција е на Владата да не се дозволи никогаш повеќе такви пиротехнички средства да бидат употребувани во затворен простор, рече Тошовски.
Tagged as:
Владата ќе забрани употреба на пиротехника во затворен простор
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
