Граѓаните кои сакаат да помогнат на семејствата на настраданите во страшната трагедија што го погоди Кочани, можат тоа да го сторат преку финансиски донации на веб-страницата www.supportkocani.com.
„Оваа страница содржи податоци за индивидуални сметки на децата повредени во трагедијата. Сите податоци се објавени со доброволна согласност од родителите или нивните блиски“, се наведува на платформата.
Во овие тешки моменти, најголема поддршка им е потребна на семејствата кои се директно погодени од несреќата, како и на родителите на децата што се на лекување во странство.
Како што многупати досега сме покажале дека знаеме да се обединиме во моменти на криза, така и сега можеме да направиме разлика.
Веб-страницата www.supportkocani.com е создадена за да се спречат можни злоупотреби, а податоците за донации овозможуваат парите да одат директно кај родителите на повредените деца од пожарот во дискотеката „Пулс“.
Оваа страница е привремена и служи исклучиво за оваа хуманитарна цел.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
