Лидерите на земјите-членки на Европската унија на следната средба ќе имаат сериозна дискусија за случувањата во Југоисточна Европа, изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.
„Им сигнализирав на моите колеги дека на следниот состанок на Европскиот совет мора да имаме сериозна дискусија за ситуацијата во нашето соседство, со оглед на неодамнешните настани во Босна и Херцеговина и Србија, што беше прифатено“, изјави Пленковиќ по завршувањето на вчерашниот самит на ЕУ во Брисел, пренесува Хина.
На новинарско прашање дали Хрватска на претходните подготвителни состаноци на пониски нивоа побарала малку посилен текст за заклучоците за Западен Балкан, Пленковиќ рече дека тоа го побарале Хрватска и Словенија, но дека тоа е „практично само две реченици“ и дека е „целосно неважно“.
Тој објасни дека на вчерашната средба не се разговарало за поинаков текст на заклучоците за Западен Балкан „бидејќи не бил реален со оглед на набиената агенда“.
Во заклучоците на Европскиот совет само се наведува дека „се разговарало за ситуацијата во Западен Балкан и дека Советот (на министерско ниво) е поканет да се осврне на тоа во април“, наведува Хина.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
