Австралиската пејачка Сиа поднесе барање за развод од сопругот Ден Бернард по две години брак, пренесува Ти-ем-зи.
Како причина за разводот навела „непомирливи разлики“. Во судските документи до кои дошол Ти-ем-зи, откриена е и една изненадувачка информација – пред 11 месеци, Сиа и нејзиниот сопруг во тајност станале родители. Полот на детето не е познат, но му дале необично име – Самерсо Вондер.
Пејачката бара старателство над детето, но е подготвена да му дозволи право на посети на Бернард. Исто така, побарала нејзиниот сопруг да нема право на алиментација.
За бракот на добитничката на Греми не се знае многу, како ниту за нејзиниот сопруг. Сиа го чува својот приватен живот далеку од очите на јавноста, но е познато дека свадбената церемонија се одржала во луксузната вила на дизајнерите Долче и Габана во Италија, со само шест гости.
Пред Бернард, Сиа беше во брак со Ерик Андерс Ланг. Тие се венчаа во 2014 година во Палм Спрингс, но се разведоа две години подоцна. Освен новороденчето, Сиа има и два посвоени сина, кои ги посвои во 2019 година кога имаа по 18 години.
Tagged as:
Пред 11 месеци таа и сопругот добија дете во тајност
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
