Background

Таравари ветува дека повредените ќе продолжат да живеат нормално

Министерот за здравство, Арбен Таравари истакна дека рехабилитацијата на децата кои настрадаа во пожарот во дискотеката во Кочани ќе биде долг процес и оти ќе го дадат максимумот последиците да бидат што помали.

– Рехабилитацијата нивна нема да биде со недели, некаде и со недели, меѓутоа генерално ќе биде со месеци. Јас се надевам дека ќе дадеме максимум, меѓутоа овој ќе биде долг процес каде треба да бидеме мирни и да донесеме добри одлуки, бидејќи се работи генерално за деца. Значи, повеќето од лицата се на 15, 16, 20, 22, 23, 25 годишни на кои многу им значи надворешниот изглед. Ние како Министерство за здравство и Влада ќе дадеме максимум од себе за последиците да бидат што помали, барем на овие што преживеале и ќе се вратат во државата ќе треба да живеат нормално – рече Таравари во вечерашното интервју за ТВ21.

Потенцира дека впечатокот на повеќе странски доктори и експерти за изгореници кои се наоѓаат во земјава е дека релативно добро се менаџира состојбата во Клиничката болница, во „8-ми Септември“ и во Општата градска болница.

- Advertisement -
Ad image

Таравари посочи дека последните два дена тие ги прават тријажите кои се за одење надвор, кои се за останување во државата.

Министерот потенцира дека понудите за лекување на пациентите во странство биле од соседните држави и таму биле испратени најтешките пациенти.

– Понудите што беа за надвор за лекување беа од соседните држави нормално. Однесовме некои во Грција, некои во Софија и неколку пациенти во Србија. И ни се ослободија тие простори така што ги земавме пациентите од Кочани ги земавме во Штип, утредента повторно во понеделникот околу 37 пациенти беа испратени надвор од државата. Тие се најтешките. Првите пациенти што се испратени во Солун, во Софија и во Белград – вели Таравари.

Министерот Таравари истакна дека директорот на кумановската болница во која почина 32-годишниот кумановец Ведат Адеми е разрешен откако Државен санитарен и здравствен инспекторат (ДЗСИ) констатирал низа неправилности во болницата.

– Има одредени нерегуларности кои што се констатирани од страна на ДЗСИ за кои што директорот требало да внимава и да не се случи тоа, да не дојде до такви настани. Дополнително ќе се испитува и дали има плус лекарска грешка – рече Таравари.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation