Background

Гутереш посочи дека е потребен итен прекин на огнот

Европската Унија е централниот стратешки партнер на Обединетите Нации и ние сме крајно благодарни за нејзината финансиска и политичка поддршка, изјави генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, при пристигнувањето на денешниот Самит на ЕУ во Брисел.

– Веруваме дека ЕУ е основниот столб на мултилатералниот одговор на предизвиците со кои се соочувавме во врска со мирот, безбедноста, климата, одржливиот развој и човековите права – истакна Гутереш, придружуван од претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

Гутереш е поканет да учествува на денешниот работен ручек на Самитот на ЕУ, на кој со европските лидери разговара за мултилатерализмот и за други глобални прашања, како и за подготовките на Третата конференција на ОН за океаните и на Четвртата меѓународна конференција за финансирање на развојот.

- Advertisement -
Ad image

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Гутереш истакна дека ОН изразуваат сериозна загриженост поради случувањата во Украина и во Појасот Газа и од последиците од климатските промени.

– Очигледно секој мир е добредојден бидејќи зачувува животи, но клучно е прекинот на огнот да го трасира патот кон праведен мир во Украина. А преведен мир во Украина е мир што ги почитува Повелбата на ОН, меѓународното право и резолуциите на Советот за безбедност (на ОН) за територијалниот интегритет на Украина – додаде Гутереш.

Гутереш е шокиран од обновеното насилство во Газа

Генералниот секретар на ОН истакна и дека е шокиран од обновеното насилство во Газа во услови кога палестинскиот народ веќе страда премногу и затоа го повторува апелот за почитување на прекинот на огнот, за овозможување на доставата на хуманитарна помош во сите делови на Појасот и за итно ослободување на сите заложници.

– Од клучна важност е да ја задржиме вратата отворена за единствениот пат за мир на Близок Исток, кој е да имаме палестинска држава што ќе постои рамо до рамо со израелската држава – додаде Гутереш.

Објавен е извештај за последиците од климатските промени

Тој потсети дека Светската метеоролошка организација вчера објави нов извештај за „разурнувачките последици на климатските промени, но дека не треба да се откажеме затоа што целта за ограничување на растот на глобалното затоплување за 1,5 степени е сѐ уште остварлива“.

Но, за тоа, според Гутереш, потребни се двојни напори за намалување на емисиите на штетни гасови, за декарбонизацијата и за замена на фосилните горива со обновливи енергија.

Гутереш ѝ се заблагодари на Европската Унија за сета поддршка што им ја укажува на Обединетите нации, потенцирајќи дека ОН и ЕУ ќе продолжат заедно да работат за подобра меѓународна заедница и за побезбедна планета.

На прашање за негов коментар за повлекување на САД од некои тела на ОН и дали со тоа се нарушува глобалниот мултилатерален поредок, Гутереш одговори дека мултилатерализмот е сѐ уште жив и тој ја игра својата улога, за што доказ е и тоа што тој денеска е во Брисел со Европската Унија.

„Најважно е да има мир во целиот свет“

Претседателот на Европскиот совет, Кошта, од своја страна, порача дека во овој мултиполарен свет поважно од кога и да е досега е зајакнувањето на мултилатералниот систем и пред сѐ на позицијата на ОН.

– Се соочуваме со многу глобални предизвици и за тоа е многу важно да се залагаме за мир во Украина, во Газа, во Судан и насекаде во светот, да се бориме против нееднаквоста, да ги имплементираме Пактот за иднината и за реформата на меѓународната финансиска инфраструктура и да ја насочиме нашата работа кон контрола на климатските промени и кон заштитата на нашите океани и нашиот биодиверзитет – рече Кошта.

Тој додаде дека ЕУ изразува целосна поддршка на личните напори на Гутереш за зајакнување на ОН и на самите Обединети нации и е посветена на исполнување на сите свои обврски во рамките на Светската организација.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation