25-годишна Унгарка била уапсена пред два дена на аеродромот Никола Тесла во Белград додека се обидувала да пренесе 27 килограми марихуана во два розови куфери.
Првичната дестинација на летот на оваа патничка бил Бангкок, од каде полетала за Доха, а била уапсена во Белград при трансфер додека чекала лет за Тирана.
Иако биле на само неколку минути од полетувањето на авионот во кој патничката чиј багаж била пронајдена дрога требало да ја напушти земјата, царината и полицијата заедно соработувале за да ја спречат во тоа.
Во нејзините розови куфери имало дури 45 вакуумски затворени кеси полни со марихуана, со вкупна тежина од 26,5 килограми!
Осомничената во текот на денот треба да биде сослушана во Вишото јавно обвинителство во Белград.
Tagged as:
Голема заплена на белградскиот аеродром
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
