Француските државни инвеститори ќе придонесат со 1,7 милијарди евра за зајакнување на капиталот на одбранбените компании, соопшти денеска министерот за економија Ерик Ломбард.
– Државните инвеститори ќе инвестираат капитал од 1,7 милијарди евра, што, благодарение на заедничките инвестиции со приватни инвеститори, ќе ни овозможи да инвестираме до 5 милијарди евра дополнителен капитал за поддршка на секторот – рече Ломбард, наотворањето на конференција во Париз на која се собраа инвеститорите и производителите на одбранбени производи за да разговараат за финансирање на секторот.
Ломбард додаде дека е „одговорно“ да се инвестира во одбранбениот сектор.