Background

ДИСКОТО „ПУЛС“ НЕ Е ЕДИНСТВЕНО СО ФАЛСИФИКУВАНА ЛИЦЕНЦА

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска потврди дека по наредба на надлежен јавен обвинител, четворица началници и тројца службеници биле приведени поради нивна поврзаност со дозволата за работа на кабарето во Кочани, кое не ги исполнило законските услови и резултирало со трагичниот пожар на 16 март 2025 година. Пожарот предизвика смрт на 59 лица и тешко повреди 196 други.

Министерот Тошковски истакна дека Обвинителството поднело кривична пријава против седум полициски службеници за „Тешки дела против општата сигурност“. Според Обвинителството, осомничените со своите дејства овозможиле работа на кабаре кое претставувало сериозна опасност за безбедноста на посетителите.

– Како службени лица, овие осомничени во СВР Штип и ПСОН Кочани овозможиле дозвола за работа на кабарето во Кочани, иако не ги исполнувало законските услови. Оваа негрижа довела до трагичниот пожар – изјави Тошковски.

- Advertisement -
Ad image

Тошковски наведе дека меѓу осомничените има главен инспектор за сообраќајни работи, самостоен инспектор, како и началници кои потпишале документи за одобрување на лиценцата, иако не извршиле целосни проверки. Еден од осомничените, документарист во полициската станица Кочани, не ги внел точните податоци во телеграмата, додека останатите двајца, како заменик-командир и началник на одделение, ја одобриле документацијата без соодветна постапка.

– Сите овие лица сега се обезбедени од страна на полицијата и се носат пред суд. Од судот се бара да им се одреди притвор – нагласи Тошковски.

Министерот додаде дека освен овие седум полициски службеници, се бара притвор и за едно лице од Министерството за економија, што ќе доведе до вкупна бројка од 26 лица вклучени во истрагата. Тој истакна дека истрагата продолжува и можеби ќе се прошири на други лица.

– Денеска дознав дека кабарето во Кочани не е единственото кое работело со фалсификувана лиценца. Постојат и други клубови низ Македонија кои се потпирале на нелегални лиценци – рече Тошковски, потврдувајќи дека истрагата за оваа серија на нелегални активности ќе продолжи.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation