Background

Констатирана оставката на премиерот Вучевиќ

Српското Собрание денеска на седница ја констатираше оставката на премиерот Милош Вучевиќ, поднесена од него во крајот на јануари, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучевиќ поднесе неотповиклива оставка на 28 јануари, по напад врз студентите во блокада во Нови Сад. Со констатирање на оставка на премиерот, владата станува техничка, а почнува рок од 30 дена за избор на нова влада.

Претседателката на српскиот парламент Ана Брнабиќ му се заблагодари на Вучевиќ за чесното извршување на должноста додека ја извршуваше функцијата премиер.

- Advertisement -
Ad image

Вучевиќ изјави дека по констатираната оставка денеска во српското Собрание, почнува рокот за избор на нова влада, наведувајќи дека е за таа опција, а не за избори.

Toj во изјава за ТВ Пинк рече дека „нема да има преодна, лажна влада“.

– Нема да има преодна влада…Како претседател на Српската напредна странка, велам дека нашите пратеници нема да гласаат за преодна влада – изјави Вучевиќ, нагласувајќи дека опозицијата подготвува „радикализација“ во обид да постигне преодна влада.

Оставката на Вучевиќ беше поднесена три месеци по пад на бетонска настрешница на железничката станица во Нови Сад, негов роден град и каде беше претходно градоначалник, која однесе 15 човечки животи. Трагедијата е причина за масовни протести низ цела Србија што се уште траат.

По него оставка поднесе и градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ.

Српскиот претседател Александар Вучиќ во неделата изјави дека ако не се формира нова влада 30 дена откако Народното собрание ја потврди оставката на премиерот Милош Вучевиќ, парламентарните избори би можеле да се одржат на 8 јуни.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation