Во пожарот во дискотека во Кочани меѓу 59 загинати се и тројца граѓани на Пробиштип, двајца средношколци и еден полициски службеник.
Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов денеска на својот Фејсбук профил објави дека на градскиот плоштад Свети Гаврил Лесновски се поставени три книги на жалост, за тројца сограѓани кои трагично ги изгубија животите во кобната несреќа во Кочани.
„Тоше Тодоровски, одговорен и совесен полициски службеник, апосветен татко на две малолетни дечиња. Никола Насевски и Матеј Марковски средношколци, прекрасни деца во цутот на младоста“, напиша Анастасов.
Посочува дека Пробиштип нема да ги заборави, и секогаш ќе бидете во нашите срца.
„Нека Бог ве насели на местото каде што почиваат праведниците“, се вели во објавата на Фејсбук профилот на Анастасов.
Tagged as:
Никола и Матеј Три книги на жалост на плоштадот во Пробиштип - Градот тагува за Тоше
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
