Background

Владата на Федерацијата на Босна и Херцеговина донесе одлука утрешниот ден, 18 март 2025 година, да се прогласи за Ден на жалост во Федерацијата Босна и Херцеговина поради трагедијата во Северна Македонија

Владата на Федерацијата на Босна и Херцеговина донесе одлука утрешниот ден, 18 март 2025 година, да се прогласи за Ден на жалост во Федерацијата Босна и Херцеговина поради трагедијата во Северна Македонија.

Најмалку 59 млади лица загинаа, а 155 македонски и странски државјани беа повредени во голем пожар во преполниот ноќен клуб во Кочани, во Северна Македонија, на 16 март откако се запали таванот на клубот и падна врз присутните за време на концертот на групата ДНК.

Од повредените 84 пациенти се лекуваат во домашните болници, а 51 пациент се лекува во странство.Северна Македонија официјално го активира Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, првично барајќи итна евакуација на 15 пациенти со тешки изгореници. Како одговор, девет европски земји – Хрватска, Грција, Романија, Словенија, Шведска, Литванија, Унгарија, Луксембург и Норвешка – веднаш понудија помош преку овој механизам.

- Advertisement -
Ad image

За несреќата се осомничени 23 лица, 11 лица се во притвор. Истрагата се уште е во тек.

На 16 март, по несреќата, Владата на Северна Македонија прогласи седумдневна жалост во целата земја, а досега утрешниот 18 март за ден на жалост го прогласија и владите на Србија, Црна Гора и Бугарија.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation