Background

Кога ЈО ќе ја отвори истрагата за пожарот во Кочани, притворите ќе бидат од по 30-дена

Мерката краткотраен притвор е процесен институт за обезбедување присуство на лицата за кои постои основано сомнение дека извршиле кривично дело, а се предлага во особено сложени предмети, кога е потребно да се прибере поголем обем на докази за проверка на сите околности и за евентуално формално поведување истрага, објаснуваат од Јавното обвинителство.

„Оваа мерка, предвидена согласно член 170 од Законот за кривичната постапка, може да се определи најмногу два пати по 48 часа, без да биде донесена формална наредба за спроведување истражна постапка. Тоа му овозможува на јавниот обвинител да го задржи лицето за кое постои сомнение подолго од основните 24-часа полициско задржување. Смислата на оваа законска одредба е да му овозможи на јавниот обвинител да има доволно време, особено во тешки и сложени предмети, да ги преземе сите активности и да ги утврди фактите и околностите, како и конкретните својства и дејствија на лицето кои ќе ги испитува понатаму во истражната постапка. По формалното отворање на истрагата, јавниот обвинител предлага нови мерки за обезбедување на осомничениот, односно краткотрајниот притвор се укинува и најчесто се определува редовен притвор“, објасни Обвинителството.

Обвинителството синоќа извести дека до тој момент повело постапка на проверки за 11 лица, во врска со трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 59 млади луѓе, а над 150 се повредени. Од нив, до Основниот суд Кочани е поднесен предлог за краткотраен притвор за 8 лица, а останатите 3 лица се хоспитализирани, во потешка здравствена состојба.

- Advertisement -
Ad image

Државниот обвинител Љупчо Коцевски синоќа објасни дека увидот сè уште е во тек, а кога ќе заврши увидот, ќе биде донесена наредба за истрага, по што ќе поднесат предлози за редовни притвори на идните осомничени.

Од Основниот суд Кочани сè уште нема информација какви одлуки донеле во врска со барањата за краткотрајни притвори до 48 часа за 8-те лица што ги побара ЈО.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation