Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека постојат 2 плана за завршување на војната во Украина.
– Но, сакам сите да разберат, еве го планот. Планот А е да се прекине пукањето за да можеме да преминеме на планот Б, втората фаза, а тоа е да ги имаме сите на маса, можеби со малку „шатл“ дипломатија, да смислиме начин како трајно да се заврши оваа војна на начин кој ќе трае и ќе ги почитува сечии потреби и слично. Никој не вели дека вториот дел е лесен, но не можеме да дојдеме до вториот дел додека не го поминеме првиот дел – посочи Рубио во интервју за Си-Би-Ес њуз (CBS News).
Тој повтори дека е тешко да се договори конечен крај на војната, додека „пукаат едни врз други“.
– Тоа е она на што работиме, под претпоставка дека можеме да го направиме тоа. Тоа само по себе нема да биде лесно. Преминуваме во втората фаза која е преговарање за нешто трајно и потрајно. Тоа ќе биде тешко. Ќе треба многу труд, отстапки од двете страни, но тоа мора да се случи. Оваа војна не може да продолжи. Претседателот (Доналд Трамп) беше јасен за тоа и прави сѐ што може за да го заврши тоа – наведе Рубио.
Тој додаде дека бил „ветувачки“ состанокот на специјалниот претставник на Трамп, Стив Виткоф, и на претседателот на Русија, Владимир Путин, на 13 март.
Трамп за утре најави дека ќе разговара со Путин.
Tagged as:
Рубио ја откри стратегијата на САД
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
