Background

Од 2 април стапуваат на сила царините за Канада и за Мексико

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „нема намера“ да ги ублажи царините од 25% наметнати на американските трговски партнери за челик и алуминиум.

– Не, немам намера да го сторам тоа – им рече Трамп синоќа на новинарите кои го прашаа дали ќе одобри ослободувања од царината.

Во обид да го ребалансира трговскиот биланс на неговата земја, Трамп се вклучи во борба за моќ по неговото враќање во Белата куќа во јануари, што ги дестабилизира финансиските пазари и предизвика страв од рецесија во најголемата светска економија.

- Advertisement -
Ad image

Од минатата недела на сила се царини од 25% за челик и алуминиум, со цел да се заштити американската челична индустрија, која се соочува со зголемена конкуренција.

Трамп планира да воведе таканаречени „реципрочни“ царини за сите трговски партнери на неговата земја почнувајќи од 2 април.

Тоа е и датумот кога треба да стапат на сила царините од 25% за мексиканските и канадските производи, кои беа привремено суспендирани на почетокот на март.

– Први април е ден на ослободување на нашата земја. Милијарди долари веќе дојдоа во нашата земја, а почнувајќи од 2 април, ќе има уште повеќе – рече Трамп.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation