По наредба на премиерот Росен Жељазков, авион Спартан на бугарското воено воздухопловство полета за за Република Северна Македонија кој во бугарските болници ќе превезе 5 лица тешко повредени во пожарот во градот Кочани, соопшти бугарската Влада.
Во авионот патуваат бугарски медицински тимови, составени од лекари на интензивна нега и специјалисти за изгореници.
Повредените ќе бидат примени на специјализирани одделенија за изгореници во болниците во Софија и Варна.
Дополнително, итно е ставена во готовност клиничката база во болниците во Софија, Варна и Благоевград за да се примат повредени лица доколку има потреба. Бугарските болници се подготвени да примат уште повредени по координација со властите на Република Северна Македонија, информира Владата во Софија.