Утрово во 05.15 часот на улицата Јоска Јорданоски во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ја лишиле од слобода Е.У.(36) од Прилеп.
Таа била затекната при вршење на кражба во куќа.
„По документирање на настанот, против неа ќе следува соодветна пријава“, наведено е во полицискиот билтен.