Голферот и Ванеса се гледаат со месеци

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Познатиот голфер Тајгер Вудс започнал врска со Ванеса Трамп, поранешната сопруга на Доналд Трамп помладиот, открива „Дејли мејл“. Вудс (49) и Ванеса Трамп (47), кои и двајцата живеат на Флорида, се заедно од „Денот на благодарноста“, а четири извори потврдија дека се во врска.

Тие живеат на растојание од околу 20 минути, во богатата област на Јужна Флорида, Палм Бич, а минатиот месец биле видени заедно на турнир во голф. Најстарата ќерка на Ванеса, Каи (17) и децата на Вудс, Чарли (16) и Сем (17) посетуваат исто елитно училиште, каде што школарината изнесува 38.595 долари годишно.

Според еден извор, сите членови на семејството Трамп знаат за оваа нова врска.

– Вистина е, Тајгер и Ванеса се гледаат уште од Денот на благодарноста. Таа доаѓа кај него на островот Јупитер, но тие не живеат заедно. Таа го посетува неколкупати неделно“, рекол изворот. „Најмногу сакаат да поминуваат време дома, да вечераат заедно и да уживаат во разговорот. Засега, тие одлучија да не излегуваат во јавноста со својата врска. Барем засега“, додал тој.

Ванеса поднесе барање за спогодбен развод од Доналд Трамп помладиот во Њујорк на 15 март 2018 година. По разводот, таа немаше ниту една позната или јавно експонирана врска. Доналд Трамп помладиот остана близок советник на својот татко, а исто така презеде дел од империјата на семејниот бизнис. Нивната ќерка Каи и синот на Вудс, Чарли сонуваат за професионална кариера во голф, а се чини дека двете семејства сè повеќе се поврзуваат.

Минатиот месец тие беа видени заедно на турнирот Genesis Invitational на PGA Tour во Калифорнија. Каи, која веќе се согласи да игра голф за Универзитетот во Мајами од следната година, носеше облека од модната линија на Вудс. Во меѓувреме, поранешниот американски претседател Доналд Трамп исто така играше голф со Вудс минатиот месец.

По разводот со Ванеса, Доналд Трамп помладиот беше во врска и се сврши со поранешната водителка на „Фокс њуз“, Кимберли Гилфојл, која сега е амбасадорка на претседателот Трамп во Грција. Меѓутоа, во септември минатата година беа објавени фотографии од Доналд Трамп помладиот и Бетина Андерсон, која е припадничка на високото општество.

 

Share This Article