Background

ВИДЕО / Се запали мотор на Боинг во Денвер. Патниците побегнале преку крилата

Млазен мотор на авион на Американ ерлајнс се запалил откако авионот морал принудно да слета во Денвер во четвртокот, принудувајќи ги патниците да се евакуираат користејќи тобогани, соопшти Федералната управа за авијација (ФАА).

Авиокомпанијата потврди дека сите 172 патници и шесте членови на екипажот можеле безбедно да го напуштат авионот, иако шест патници потоа биле пренесени во локалната болница на дополнителни испитувања.

Летот 1006 на Американ Ерлајнс од Колорадо Спрингс до Далас, кој превезуваше патници во Боинг 737-800, слета во Денвер откако екипажот се пожали на вибрации на моторот, соопшти ФАА.

- Advertisement -
Ad image

На социјалните мрежи е објавена драматична снимка од патниците кои стојат на крилото на авионот пред да бидат евакуирани, додека од моторот се извива густ чад.

 

Американ ерлајнс изјави дека авионот слетал безбедно и пристигнал на аеродромот, но потоа доживеал „проблем поврзан со моторот“.

Според сајтот за следење летови FlightRadar24, 13-годишниот авион бил опремен со два мотори CFM56, произведени во соработка помеѓу GE и Safran.

ФАА најави истрага за инцидентот. Портпаролот на меѓународниот аеродром во Денвер потврди дека пожарот е изгаснат и дека летовите продолжиле без прекин.

Боинг одби да го коментира инцидентот и ги префрли сите прашања до Американ ерлајнс и истражителите. GE сè уште не одговорил на барањето за коментар.

Овој инцидент е само еден во низата неодамнешни проблеми во американската воздухопловна индустрија, кои ја доведоа во прашање безбедноста на воздушниот сообраќај. Меѓу нив е и судирот на регионалниот авион на Американ ерлајнс со воен хеликоптер на 29 јануари, во кој загинаа 67 лица.

Минатиот месец регионален авион на „Делта ерлајнс“ се преврте на покривот при слетување на аеродромот во Торонто поради силните ветришта по снежната бура, при што беа повредени 18 од 80 патници во авионот, но сите преживеаја.

Извршниот директор на „Американ ерлајнс“, Роберт Исом и извршниот директор на „Делта ерлајнс“, Ед Бастијан, во вторникот изјавија дека неодамнешните авионски инциденти, заедно со тешките временски услови и економската несигурност, негативно влијаеле на побарувачката за патувања во САД.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation