Background

Се зголемува поддршката за Унијата во Канада, но тоа нема да се случи

Европската Унија со внимание ги проследи резултатите од анкетата која покажа зголемен интерес на канадските граѓани за пристапување кон ЕУ, но нагласи дека тоа е невозможно.

Истражувањето на агенцијата „Abacus Data“, спроведено кон крајот на февруари, откри дека 44 отсто од испитаниците во Канада сметаат дека нивната земја треба да стане членка на ЕУ, додека 34 проценти се против.

Порталот „Политико“ објави дека резултатите ја изненадиле Европската комисија.

- Advertisement -
Ad image

– Почестени сме од овие наоди. Тие покажуваат дека ЕУ е привлечна и дека многу Канаѓани ја почитуваат Унијата и нејзините вредности – изјави портпаролката на Европската комисија, Паула Пињо.

Сепак, таа потсети дека членот 49 од Договорот за ЕУ предвидува дека членство можат да бараат само европски земји.

Анкетата укажува на затоплување на односите меѓу Канада и ЕУ, при што 68 отсто од испитаниците имаат позитивно мислење за Унијата, додека само 34 проценти за САД.

Ова доаѓа во време кога актуелниот американски претседател Доналд Трамп повеќепати изрази став дека Канада би можела да стане 51. американска држава, а истовремено воведе нови трговски царини за одредени канадски производи.

Канадската министерка за надворешни работи, Мелани Жоли, најави дека ќе бара координација со Брисел за заеднички одговор на американските тарифи.

– Ќе го покренам ова прашање на состаноците, заедно со европските партнери, со цел да извршиме притисок врз САД – изјави таа пред состанокот на Г-7 во Канада.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation