Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека денеска во земјава нѐ очекува променливо облачно наместа нестабилно, со локален пороен дожд и грмежи, особено претпладне. Попладне облачноста делумно ќе се намали. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од југозападен правец (над 60 km/h).
Минималните утрински температури ќе се движат од 7 степени во Берово и во Маврово до 12 во Скопје, а максималните дневни од 13 во Маврово и 24 Целзиусови степени во Скопје.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер. Претпладне ќе има пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 12 до 24 степени.
Сончево и топло со мала до умерена облачност ќе имаме во четврток. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималните утрински температури ќе се движат од 2 степени до 8 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 19 степени до 26 степени.
Слично време ќе имаме и во последниот ден од оваа работна недела, но кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за локален краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималните утрински температури ќе се движат од 3 степени до 9 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 20 степени до 28 степени.