Фудбалерите на Атлетико Мадрид од 21:00 часот го пречекаа Реал Мадрид во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите.
Во првиот натпревар Реал победи со 2:1, па јасно е колку овој натпревар е важен за двете страни.
Немили сцени беа забележани непосредно пред натпреварот кога навивачите на Реал се судрија со полицијата, пренесе Мундо Депортиво.
На видеото кое се појави на социјалните мрежи може да се види како приврзаниците на „кралскиот клуб“ гаѓаат припадници на полицијата, полицијата реагирала, па настанала тепачка.
За среќа, сè се смирило релативно брзо, а како изгледаше погледнете во продолжение.