Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе одговорат на реципрочните царини што денеска ги воведе Европската Унија за американскиот челик и алуминиум.
– Имаме огромен трговски дефицит со многу земји, но ќе го изедначиме тоа – изјави Трамп на средбата со ирскиот премиер Мајкл Мартин во Белата куќа, пренесе Скај Њуз.
Трамп ја обвини Ирска дека со нејзината даночна политика привлекува фармацевтски и други компании од САД.
– Имаме огромен трговски дефицит со Ирска и други земји, но ќе работиме заедно за да го поправиме тоа – рече Трамп.
Зголемените царини од 25 отсто на увозот на челик и алуминиум во САД стапија во сила денеска.
Контрамерките на ЕУ против САД ќе стапат во сила на 1 април.
Претходно, Трамп се закани дека ќе ја удвои царината за канадскиот челик и алуминиум на 50 отсто, но се повлече откако канадските власти направија отстапки во врска со извозот на електрична енергија од Онтарио во САД.
Канадските претставници Даг Форд и Доминик Лебланк утре ќе отпатуваат за Вашингтон за да разговараат со американската администрација за можни измени на трговскиот договор САД-Мексико-Канада (УСМЦА).