Background

ОТКРИЕНО КАКО КОРОНАТА СЕ ШИРЕЛА НИЗ СВЕТОТ

Според Германската разузнавачка служба (БНД) коронавирусот, што пред пет години се прошири низ светот и го блокираше животот во многу земји, потекнува од лабораторија во Вухан, Кина.

„БНД поседува јасни докази дека вирусот Сарс-КоВ-2 потекнува од Институтот за вирологија во Вухан“, објавија германски и швајцарски медиуми.

БНД уште во 2020 година имала докази дека коронавирусот се проширил низ градот, а подоцна и низ целиот свет поради „лабораториска несреќа“. Резултатите од истражувањето на БНД ги знаела и тогашната германска канцеларка Ангела Меркел, која според пишувањата на медиумите, го спречила објавувањето на овие податоци, а истото го направил и нејзиниот наследник Олаф Шолц.

- Advertisement -
Ad image

Портпаролката на германската Влада денеска одби да ги коментира медиумските написи, со образложение дека Владата не ја коментира јавно работата на тајните служби.

Швајцарскиот весник „Ноје цуерихер цајтунг“ (Neue Zuericher Zeitung) објави дека податоците со кои располага БНД биле дадени на вештачење на група научници. Иако официјалните резултати од вештачењето не се објавени, научниците наводно сè уште се поделени околу теоријата за потеклото на вирусот.

Според експертите недостасува „конечниот доказ“ дека вирусот потекнува од лабораторија. Добар дел од нив веруваат дека вирусот се пренесувал од животинските фарми на луѓето.

– Кинеските научници имаат механизми да обезбедат докази дека вирусот е од природно потекло, но досега немаат објавено ниту една студија што би го докажувала тоа, наведе еден од најпознатите германски виролози – Кристијан Дростен.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation