Милан и Интер официјално ја претставија својата понуда за купување на Џузепе Меаца и соседните области, соопшти општина Милано. Оттаму ја проценуваат понудата на околу 200 милиони евра, а цената беше одобрена од италијанските даночни власти на почетокот на годината.
Ова е важен чекор за намерата на двата клуба да изградат нов заеднички стадион. Според досегашните барања на Милан и Интер, нивниот план е актуелниот објект делумно да се урне и на негово место да се изгради нов ултрамодерен објект, со што значително би се зголемил приходот на клубовите, кои се надеваат дека ќе го купат стадионот до јули оваа година.
Сè уште не се познати конкретни детали за концептот за новиот објект, но се очекува да остане само една четвртина од сегашниот Џузепе Меаца – југоисточниот агол на стадионот, кој вклучува делови од „Курва суд“ и портокаловата трибина, како и една кула.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖