Оливија Кулпо, американската манекенка и поранешна Мис Универзум, сподели добра вест – таа и нејзиниот сопруг, ѕвездата на НФЛ Кристијан МекКафри, го очекуваат своето прво дете.
Среќната вест ја објавија на инстаграм-профилот на Оливија, заедно со црно-белите фотографии на кои таа гордо го покажува трудничкиот стомак.
Оливија покрај фотографиите напиша: „Ново поглавје, мајчинство“, потврдувајќи ги гласините кои веќе извесно време кружеа меѓу нивните следбеници.
Оливија и Кристијан ја започнаа својата врска во 2019 година, а се верија во април 2023 година. Тие се венчаа во јуни 2024 година на интимна церемонија во Род Ајленд, на која присуствуваа семејството и блиските пријатели.
Оливија претходно отворено зборуваше за нејзините здравствени проблеми, особено за нејзината дијагноза на ендометриоза, која може да влијае на плодноста.
Во претходните интервјуа, Кулпо призна дека се плашела дали некогаш ќе може да забремени, што ја прави оваа вест уште поемотивна и посебна.