Вчера во Битола по кратко боледување на 95 години почина Томислав Јурак, поранешен фудбалер на Пелистер, кој беше највозрасниот жив фудбалер во Битола и во Македонија.
Јурак во 1956 или 1958 година се приклучува на фудбалскиот клуб Работник кога се враќа од Белград. Тој беше напаѓач и стрелец на одлучувачки голови, а најубавиот гол го постигна во Битола, под Тумбекафе, кога со „макази“ ја погоди противничката мрежа. Во повеќе наврати бил и со стручните штабови како искусен фудбалер.
Погребот ќе се одржи во 14 часот во Буковските гробишта. Tелото ќе биде изложено од 12 часот во црквата „Св. Димитрија“ во Битола.