Барселона обезбеди пласман во четврт-финалето на Лигата на шампионите по убедливата победа од 3-1 против Бенфика на Камп Ноу.
По тесната победа во Лисабон (1:0), Каталонците го потврдија преминот на домашен терен, а младиот Ламине Јамал се истакна и постави нов рекорд во натпреварувањето.
Головите за Барселона ги постигнаа Рафиња (11′, 42′) и Ламине Јамал (27′), додека за Бенфика погоди Николас Отаменди (13′). Посебно импресивен беше Ламине Јамал, кој со 17 години и 241 ден стана најмладиот играч во историјата на Лигата на шампионите кој постигнал гол и асистенција на истиот натпревар. Со тоа го собори рекордот на Брил Ембол, кој постигна гол и асистираше за Базел во 2014 година на 17 години и 263 дена.
Легендата на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд не го криеше воодушевувањето од талентираниот Шпанец, пишувајќи на социјалните мрежи:
„Никогаш не сум видел нешто како него на оваа возраст. Никој не го прави тоа што го прави на исто ниво со таква доследност!“
Оваа сезона Ламине Јамал е еден од клучните играчи на Барселона и на шпанската репрезентација. На 37 настапи за клубот, тој постигна 12 гола и даде 17 асистенции, а неговата пазарна вредност според Трансфермаркт се проценува на 180 милиони евра.
Барселона сега го чека противникот во четвртфиналето, а ќе игра против победникот од двомечот меѓу Лил и Борусија Дортмунд.