Цената на јајцата во Европската унија во јануари достигна 249,59 евра за 100 килограми, што претставува зголемување од 10,3% во однос на истиот период од 2024 година. Во Хрватска просечната цена изнесува 242,96 евра, што е годишен пад од 7,7%.
Ширењето на птичјиот грип во Европа и пошироко, вклучително и во САД, предизвикува сериозни нарушувања во живинарскиот сектор. Оваа болест, присутна од 2022 година, продолжува да предизвикува проблеми во Италија, Полска, Франција, Португалија, Германија, Велика Британија и други земји. Се очекува недостигот на јајца на пазарот на ЕУ дополнително да се почувствува пред Велигден, пишува Вечерњи.
Статистиката на Еуростат покажува дека во јануари 2025 година во однос на јануари 2024 година, големопродажната цена на јајцата во Белгија е зголемена за 7,9%, додека на месечно ниво, во однос на декември 2024 година, е зголемена за дури 15,6%. Значителни скокови на цените беа забележани и во други земји: во Холандија 15,3%, Полска 12,3%, Франција 2,4%, Шпанија 3,3% итн.
Просечната цена на јајцата во ЕУ во јануари изнесуваше 249,59 евра/100 кг, што е зголемување од 10,3% во однос на претходната година и 5,4% во однос на декември 2024 година. Во Хрватска, пак, цената падна на 242,96 евра/100 кг, со годишен пад од 7,7%, а годишен пад од 1%.