Полските граничари уапсија Украинка која беше осудена на 12 години затвор во Казахстан за учество во организирана криминална група која се занимавала со трговија со човечки органи и продажба на 56 бубрези, соопшти денеска обвинителството.
– Жената, идентификувана како Ксенија П., е уапсена на железнички премин меѓу Полска и Украина врз основа на налог за апсење на Интерпол – изјави портпаролката на полското обвинителство Марта Петковска.
Обвинителството не наведе причина зошто жената не била во затвор во Казахстан за време на апсењето, ниту кога била осудена.