Директорот на Светска банка вели дека тоа се должи на постојани фискални дефицити

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Темите за кои ќе се дискутира денеска се од глобална важност и се порелевантни денеска од кога било поради неизвесностите и фискалните кризи што го погодија регионот, но и целиот свет, порача директорот на Канцеларијата на Светска банка за Косово и за Северна Македонија, Масимилијано Получи на денешната презентација „Фискално управување во Европската Унија и улогата на Фискалниот совет“ пред членовите на собраниските комисии за финансирање и буџет и за економски прашања, труд и енергетска политика.

– Јавниот долг во Република Северна Македонија значително се зголеми и сега е на 62,4 проценти од БДП што е 14 проценти над нивото од пред пандемијата. Ова се должи на постојани фискални дефицити од пандемијата кои во просек изнесуваат 5 проценти годишно – рече Паолучи во обраќањето пред комисиите во салата „Борис Трајковски“ во Собранието.

Тој нагласи дека новите фискални правила и институции преку наложување може подобро да функционираат во втемелување на здрави јавни финансии доколку независните фискални институции ги оценуваат макрофискалните предвидувања на централната влада и делуваат согласно правилата.

– Но, воведување на фискалните правила без политичка волја за нивно спроведување не може да гарантира одговорни фискални политики. Има простор за дебата како функционираат, дали функционираат и се надеваме дека некои од тие прашања ќе ги дискутираме денеска – рече Паолучи.

Тој нагласи дека и некои од другите држави на Западен Балкан преземаат одредени мерки за зачувување на остварените придобивки со кои, како што рече, се надеваат да ги затворат празнините и чекорите во финансиски и човечки капитал што им е приоритет.

– Процесот на придружување наложува придржување кон подготвување на доверливи јавни сметки и статистики. Се надевам дека на денешната конференција ќе го разгледаме значењето на овие рамки за стабилизирање на јавните финансии – рече Паолучи и му се заблагодари на Фискалниот совет за поддршката и помошта за организирање на конференцијата.

За денеска попладне е закажана конференција на иста тема во скопскиот хотел „Мериот“.

Share This Article