Поранешната најпозната лото девојка на овие простори и водителка Сузана Манчиќ (68) објави фотографија во костим за капење и ја воодушеви јавноста.
Сузана на својот Инстаграм објави фотографија на која се гледа како ужива на море, што предизвика лавина реакции.
Водителката Сузана Манчиќ ги спакува куферите и отпатува на егзотична дестинација. Овој пат нејзиниот избор падна на Карибите, ни помалку ни повеќе.
Сузана Манчиќ видно насмеана позирала во едноделен цветен костим за капење.
Она што го привлече вниманието на сите е нејзиното бујно деколте, но и нејзините затегнати нозе кои се гледале под водата.
Сузана целосно ужива, а под објавата се слеваат позитивни коментари, а многумина се согласија дека иако има 68 години, изгледа како тинејџерка.

Инаку, Сузана во една прилика откри како ја одржува фигурата и како успеала да ослабе дури 11 килограми.
– Вишокот килограми, особено за време на менопаузата, се наталожи во пределот на мојот стомак. Денот секогаш го започнувам со лимонада и ќесичка суплементи кои ги содржат сите потребни минерали и витамини. Истото го пијам и за ручек – изјавила еднаш водителката.
Инаку, Сузана јавно изјави дека покрај добрата нега, направила и естетски зафати со цел да се подмлади, но да ги задржи цртите на лицето.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
