Вчера во 15.30 часот на експресен пат Штип-Кочани, кај село Крупиште, општина Карбинци, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип го привеле 26-годишниот А.М од Скопје, со живеалиште во Кочани, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).
„При контрола во патниот сообраќај со уред за мерење брзина – радар надвор од населено место, било измерено дека тој управува патничко возило ‘фолксваген пасат’ со кочански регистарски ознаки со брзина од 151 километри на час на место каде што брзината е ограничена на 80 километри на час. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – безобѕирно управување со моторно возило“, се вели во полицискиот билтен.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖