При полицискиот претрес во домот и канцелариите на Асмир Јахоски, еден од осомничените за сомнителните набавки на нафтени деривати, неговиот татко, пратеникот од редовите на ДУИ, Исмаил Јахоски, направил вистински хаос, наместо мирнo да се соочи со органите на прогонот, дознава НетПрес од извори во истражните органи.
Според информациите на порталот, пратеникот одбивал да ги отвори вратите од службените канцеларии и при тоа се повикувал се пратеничкиот имунитет. Додека тимот за претрес се подготвувал да влезе за да го спроведе истражното дејствие, пратеникот се обидел прв да дојде до одредена документација и електронски уреди кои можат да го поврзат со спорните набавки.
Изворите на НетПрес велат дека ситуацијата ескалирала во моментот кога полицијата пронашла сеф со оружје и кеш пари.
Оваа акција е дел од пошироката истрага за незаконски набавки на нафтени деривати, а истражните органи најавуваат дека никој што го труе и краде својот народ нема да остане недопрен од правдата.