Ангелот на „Викторијас сикрет“, манекенката Алесандра Амбросио (43) пристигнала на ревијата на „Баленсијага“ во невообичаено модно издание кое привлече бројни погледи.
Бразилската манекенка се појавила на ревијата во рамки на Модната недела во Париз во џемпер и чипкаста долна облека со подвески, но подоцна се покажало дека се работи за панталони кои имитираат долна облека.
Алесандра го комплетирала својот стајлинг со црна чанта од „Баленсијага“, а ревијата ја следела од првиот ред покрај американската актерка Џесика Алба. Оваа модна комбинација на Амбросио предизвика различни реакции на социјалните мрежи. Додека едни ја пофалија смелата комбинација, други се пошегуваа на нејзина сметка.
„Икона“, „Таа изгледа фантастично“, „Што по ѓаволите носи таа?“, „Дали е ова најновиот моден тренд, да ги заборавиш панталоните?“, „Чуден избор“, „Можеби ги заборавила панталоните, некој треба да ѝ каже“, „Најгрдата облека што некогаш сум ја видела на манекенка“, беа само дел од коментарите.