Background

МАЛ АВИОН КОЈ ПОЛЕТА КАЈ ЗАГРЕБ ИСЧЕЗНА ВО СЛОВЕНИЈА

Мал авион од типот „Mooney Ovation M20R“ исчезна во понеделникот во областа Велика Планина во Словенија, нешто по 9 часот, по полетувањето од близина на Загреб.

Спасувачите пронашле делови од авионот кој наводно околу 12 и 30 часот паднал на една од колибите на планината. Сè уште се трага по пилотската кабина на авионот, пишува 24ur.

Според информациите на порталот, авионската несреќа веројатно се случила поради просторна дезориентација при лоши временски услови. Потрагата дополнително ја комплицираат екстремно лошите временски услови и слабата видливост, што ги ограничува можностите на спасувачките хеликоптери.

- Advertisement -
Ad image

Во акцијата за пребарување учествуваат полицијата, пожарникарите и планинските спасувачи од Камник и Целје.

Непосредно пред падот, пилот на мал авион со американски регистарски таблички контактирал со словенечките контролори на летање и рекол дека сака да оди до точката НИПЕЛ, која е влезно-излезна точка северно од Јесенице. После тоа му се губи секаква трага.

Авионот исчезна од радарите во областа Велика Планина нешто по 8 часот наутро. Според достапните податоци, леталото почнало брзо да ја губи висината, спуштајќи се во спирала од височина од 2,5 километри.

Како што дознава порталот 24ur, вака течела комуникацијата меѓу контролата на летање и пилотот, а подоцна и контролата на летање и словенечката војска.

Откако контролорот на летање му ја потврдил првата информација на пилотот на малиот авион со ознака N595RJ, неколку минути подоцна пилотот повторно го контактирал, но врската била прекината пред пилотот да ја каже идентификацијата: „Љубљана, N595R…“ .

Контролорот му вели „Продолжи напред“, но не добива одговор. Потоа му се јавува уште неколку пати на пилотот, но безуспешно.

– N595RJ, информации од Љубљана…

Набргу потоа, на фреквенцијата се појавува хеликоптер на словенечката армија од типот „Cougar“, кој вели:

– Слушнав дека имате проблеми со еден од авионите… Велика Планина?

Екипажот на Cougar одговара:

– Во ред, пет степени надесно и шест милји во таа насока, продолжуваме… ние сме на надморска височина од 2.600 стапки, веднаш под базата на облакот.

Малку подоцна контролорот прашува:

– Cougar 3, каква е видливоста?

Екипажот одговара:

– Тука врне, видливоста е пет километри.

Хеликоптерот „Cougar“ продолжува со потрагата и го прашува контролорот на која висина последен пат бил виден авионот.

Контролорот одговара:

– На 8.000 стапки, тој брзо ја губеше височината и леталото орбитираше.

На ова пилотот на хеликоптерот одговара само со „Примено“.

Контролорот продолжува да се обидува да воспостави контакт со авионот за време на претресот, но не добива одговор.

Хеликоптерот „Cougar 3“ кој трага по авионот по неколку минути се јавува и ја истражува областа до надморска височина од 3.600 стапки и покрај силниот дожд. Кога контролорот го прашува дали може да стигне до Велика Планина, пилотот на „Cougar 3“ одговора:

– Не, сè над 3.600 стапки е покриено (во облаци).

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation