Во неделата загина еден од најдобрите македонски кикбоксери Милан Кубин, пренесоа повеќе медиуми. Во својата кариера освои повеќе признанија и медали на домашни и интернационални натпревари, меѓу кои и сребро на Европското првенство во Грција пред осум години.
Кубин беше прогласен и за Спортист на Град Скопје во 2016 година.
Пред пет години се вклучи, максимално успешно, со серија победи и во мешани боречки вештини (ММА).