Следуваат строги контроли за злоупотреба на државното земјиште

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Земјишната политика е клучен елемент во делот ако сакаме да го враќаме производството таму каде што некогаш бевме. Мојата обврска во првите месеци е ревизија на сето она што е поделено како земјоделско земјиште, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во гостување во емисијата „Аграр”.

– Ние само сакаме да провериме дали земјоделското земјиште во државна сопственост се работи согласно со тоа за што било побарано да биде користено – појасни министерот.

Министерот Трипуновски додаде дека се спроведува акција во делот на контролата на големите корисници, односно кај големите површини коишто се дадени на одредени правни субјекти. За почеток имаше 2 правни субјекти коишто бесправно го користеле земјоделското земјиште, а од друга страна користеле и субвенции.

– Оваа контрола ќе продолжи во наредниот период. Контролата ќе значи ослободување на земјоделското земјиште и истото ќе им биде доделено на вистинските земјоделци – нагласи тој.

Министерот посочи дека нема да дозволи земјоделци фантоми да профитираат на грбот на државата.

– Минатата година завршивме Јавен повик, којшто беше објавен во времето на техничката Влада, и поделивме 967 договори. Додека, пак, пред месец и половина, за време на новогодишните празници течеа Јавни повици кои што беа на барање на земјоделците. Јавните повици завршија, Комисиите работат и крајниот рок е некаде на средина на месецот, да бидат изработени сите апликации. Пристигнати се над 2.000 апликации – појасни министерот Трипуновски.

Тој додаде дека наредната фаза на распределба на земјиште ќе биде со оглас, со точно дефинирани парцели. Тогаш ќе има парцели не помали од 10 хектари, бидејќи потребно е да се размислува и на окрупнување на земјиштето.

Share This Article