МИЦКОСКИ НЕ СЕ СОГЛАСУВА СО СТАВОТ НА КОЦЕСКИ ЗА ПРИЧИНИТЕ ЗА НЕГОВАТА СМЕНА

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Премиерот Христијан Мицкоски не се согласува со мислењето на јавниот обвинител  Љупчо Коцески за почнатата постапка за негово разрешување, но вели дека јавниот обвинител  право на свое мислење иако последниот збор ќе го имаат тие што го  избрале, пратениците.

– Ова е демократска земја и тој го кажал своето мислење. Околу неговата досегашна работа претпоставувам ќе имаат што да кажат тие што го бирале, а тоа се пратениците така што да почекаме да дојде предметот пред пратениците па дури потоа можеме да коментираме што е тоа што ќе се разговара и ќе се дебатира и кои се тие аргументи со кои што ќе се оспорува или демантира изјавата или ставот на Коцевски – рече Мицкоски.

Тој сепак го кажа сопственото мислење во врска со работата на Коцевски

– Апсолутно не се сложувам со неговиот став и со неговото мислење, ама тоа е само мое мислење. Јас не одлучувам, одлучуваат тие што го бирале, а тоа се пратениците – рече  Мицкоски.

Според него, ќе го кажат и мислењето и за петте членови на Судскиот совет за кои е поднесена интерпелација во собранието, а за тоа што во исто време со седницата ќе се одржува седница и на судскиот совет рече дека тие треба да се гледаат одвоено.

– Судскиот совет си има своја, Парламентот своја одлука. Не би сакал да коментирам, дали е тоа почитување или не, нека покаже времето, што ќе одлучат – рече Мицкоски.

Мицкоски  рече дека владата нема намера во какви било избори или именувања и тоа треба да биде порака до сите да си ја работат својата работа и да работат според закон.

Во врска со притисоци од ДУИ за уставните судии, пред седницата за албанскиот јазик и вчерашната посета на американската амбасадорка Анџела Агелер на Уставниот суд, Мицкоски рече дека е недозволено мешање во судската власт.

– Би се согласил дека тоа е порака можеби од американската амбасада дека е недозволено мешање во судската власт, нешто што за ДУИ можеби и е непозната работа бидејќи тие се навикнати обвинители, судии здружено заедно со претходните нивни коалициски партнери во власта, тоа се СДСМ во рамките на партиските седишта да ги креираат политиките на поединци во обвинителството и во судството. Мораме да внимаваме, не се сите судии и обвинители дел од таа структура. Точно знаеме кои се тие поединци кои што добивале насоки од седиштата во речица или во Бихаќка и токму од тие причини граѓаните имаат чувство дека правдата во принцип не функционира за сите подеднакво – рече Мицкоски.

- Advertisement -
Ad image

Амбасадорката на САД Агелер се сретна со првиот човек на Уставниот суд, Дарко Костадиновски. Таа порача дека судиите мора да работат независно и непристрасно и ја изразила поддршката на САД за враќање на довербата во правната држава преку транспарентни постапки и одлучување исклучиво во согласност со Уставот и законите.

Share This Article